Присуство на татковците за време на породувањето – да или не?

24322

Едноставно прашање, но одговорот не е така едноставен. Таткото на продување е добредојден во многу земји и покрај тоа што на некои парови тоа и натаму им е непријатно. 

Мислења за присуство на таткото

Голем број мажи се загрижени за своите сопруги, сакаат некако да помогнат, но не се во можност. Некои од нив веруваат дека тоа можат тоа да го направат со присуство во породилното, затоа што познато лице во кое жената верува може според некои мислења, да го олесни породувањето. За многу татковци ова е олеснување, затоа што самото исчекување им е тешко, а тука директно се присутни кога детето им доаѓа на свет. Некои од нив сакаат и да го фотографираат и да го снимат самото породување.

loading...

За други мажи тоа е непријатно искуство кое им буди страв. Тие се плашат дека можеби ќе пречат и дека не би знаеле да се контролираат ако нешто тргне наопаку, ако видат крв, ако не се доволно добро психички подготвени.

Жените, од друга стрна исто така се со поделени мислења. Некои сакаат заедно со нив сопругот да биде во породилната сала, да поминат заедно со него низ целиот процес и да им биде поддршка, додека други тоа го сметаат за непријатно  и сакаат сами да се породат. Некои жени се плашат дека поради тоа не би биле повеќе привлечни за сопругот.

Тука е и финансискиот дел. Додека во поголем број земји присуството на таткото е бесплатно (мора да поминат одредени курсеви и процедури) во некои земји на поранешна Југославија услугите се наплатуваат. Некаде варира од болница до болница, додека некаде точно се утврдени. Во некои случаи станува збор за малку поголеми финансиски трошоци.

Исто така и самите доктори поинаку гледаат на оваа појава. Едни ја поддржуваат, а други сметаат дека тоа е само уште една пречка во породилната сала, каде сепак треба да бидат внимателни цело време, а никој да не може да биде сигурен како таткото ќе реагира, без оглед на сите подготовки.

Подготовка

Бесплатно или не присуството на таткото за време на породувањето бара одредени подготовки. Татковците се советуваат да се запознаат со болницата и распоредот, за да на залутаат. Во почетокот треба да се праша кои се условите за присуство (во некои случаи како кај прородувањето со царски рез, понекогаш присуството не е возможно), за цената, евентуално посетувањето на курс за родители.

Во некои болници се бара приложување на уверение дека се направени брисеви на грлото и носот и наодите да се уредни.  Во самото породилиште се прави изолиран бокс одвоен од другите породувања, што некои родители и сами го бараат.

Исто така се бара таткото да посетува Курс за родители (и да донесе потврда која често посебно се плаќа), да помине одредени психофизички подготовки. Уште еден месец пред породувањето потребно е таткото да се пријави во породилиштето и да се договори за деталите со надлежниот персонал.

loading...