Причината не е санта мраз? Откриени се нови докази за потонувањето на величествениот Титаник

8014
Booking.com INT

Титаник потонал поради тоа што избувнал голем пожар, а не затоа што удрил во санта мраз, велат експертите, кои ги објавиле новите докази кои ја подржуваат оваа теорија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Величествениот брод на своето време, Титаник, потонал во април 1912 година, на патот од Саутемптон – Њујорк, а во Северниот Атлантик своите животи ги загубиле, повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот.

Иако причината за несреќата се припишува на голема санта мраз во која бродот удрил, експертите имаат нови докази кои укажуваат дека несреќата ја предизвикал пожар што избувнал во трупот на бродот во пресрет на испловувањето на бродот кој сопствениците на Титаник не сакале да го одложат.

Новинарот Senan Molony, кој повеќе од 30 години се занимава со катастрофата на Титаник, проучувал ретки фотографии  кои ги снимил главниот електро инженер на бродот. Тој забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот, од десната страна на трупот, каде што бродот подоцна го пробила санта мраз.

Дамките веројатно настанале поради пожар во една од просториите со котли. Пожарот, се обидувале да го изгаснат 12-мина луѓе, но тој бил премногу голем за да се стави под контрола, а температурата надминувала 1000 степени. Екипажот на бродот добил наводно наредба од претседателот на бродската компанија “Вајт Стар Лајн ” Ј Bruc Ismay дека не смеат на никој од 2.500-те лица на бродот да им кажат за пожарот, бидејќи тој сметал дека ќе може да го изгасне. Прикажувајќи го својот документарен филм “Титаник: Нови докази ”, Molony исто така, рекол дека и пред да исплови, бродот бил обратно врзан за патниците ни случајно да не го видат огнот кој тлеел.

Кога бродот удрил во сантата мраз, челичниот труп заради огнот бил премногу слаб и испукал, по што бродот почнал да тоне.

“Официјалната истрага за оваа катастрофа ја третирала како Божјо дело. Сепак, ова не е едноставен случај на судир со санта мраз. Катастрофата е резултат на огнот, мразот, но и човечкиот фактор или можеби небрежност на сопственикот на компанијата. Никој до сега не го испитувал случајот на Титаник на овој начин. Експертите за металургија нѝ кажаа дека такво ниво на температура до која можело да дојде заради огнот може да ја намали силата на челикот и до 75%”, појаснил Molony, а известува Индепендент.

Експертот Рој Бостон, исто така, во 2008 година ја претстави теоријата според која во магацинот со јаглен на Титаник почнал да тлее оган уште десет дена пред поаѓањето. Па дури бродот и да не удрил во сантата мраз, бродот би потонал пред да пристигне во Њујорк, заклучи Бостон.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...