Продолжува соработката на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ со ГЕТЕ-ИНСТИТУТ Скопје | Училиштето потпиша PASCH договор

915
Мирјана Велкоска, Тања Кригер, Симона Мирчевска и Благородна Наумоска
Booking.com INT

ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје оствари долгогодишна соработка со ГЕТЕ-ИНСТИТУТ ОТ преку спроведување на PASCH – проектот, проектната настава за рано изучување на германскиот јазик, работилници за наставници и ученици, обуки за наставници, креативни кампови за ученици во и надвор од државата.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Директорката, Мирјана Велкоска, се обрати пред присутните претставници од Институтот, пред Директорката на Гете Институтот, Тања Кригер, родителите и учениците. Се заблагодари за соработката и посака понатамошно успешно спроведување на предвидените активности, а на учениците им посака плодно и креативно изучување на германскиот јазик.

Директорката на Гете Институтот, Тања Кригер, ги запозна присутните со работата на Гете Институтот во Македонија, подетално и со PASCH-проектот како и со активностите на Гете Инситутот во училиштата кои се вклучени во овој проект. Напомена дека PASCH – проектот се спроведува во само 3 училишта во нашата држава.

Директорката на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје Мирјана Велкоска и Директорката на Гете Институтот Тања Кригер

Придобивките кои овој проект ги нуди, се, целосно стипендирање на изучување на германскиот јазик на 10 ученици во Гете Институтот во Скопје, во времетраење од еден семестар, како и 2 целосни стипендии за тринеделен јазичен курс во Германија.
Како плод на оваа деветгодишна соработка, произлегоа многу ученици со солидни познавања на германскиот јазик.

Настанот се заокружи со потпишување на PASCH – договорот помеѓу Директорката на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје, Мирјана Велкоска, и Директорката на Гете Институтот Тања Кригер.

www.goethe.de

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...