Промоција “ЖЕНА” стихозбирка Катерина Грозданова

3255
Booking.com INT

Рече за – ЖЕНА
Мајката – Љубов!

Bitcoin Exchange CEX.IO

Да се пишува за Жената и да се припаѓа на тој благороден и благословен сој и род е „прекрасно“ тешка работа, но закрилата на моќта на зборот и чистата мисла, бездруго го овозможуваат тоа во случајот на Катерина Грозданова.

Таа „се дрзна“ да прочепка по раните, да ги отвори и да ги остави на олујните ветрови болките, да ги разлути нескротливите ветрови, кои ја шибаат душата, без пардон, но сè со цел да побара прошка и излечение од непостојаните земни несигурности…

Во таа потрага, таа пее за Мајката над мајките, која како слика ни ја претставува со мртвиот син во рацете, за покајание и размисла, за тоа дека неговите незацелени рани не се тука да болат, ами да замислат и да нè приволат да не правиме зло!

Земните, наши мајки го имаат својот простор во бесконечната љубов, едната веќе простена со Господа, другата пак, низ земните лавиринти на болката, сè уште го чисти односот кон Него, за да ни се потврди аманетот дека родното чедо е сè…

Во распеаниот женски свет на Грозданова, своето место бездруго го имаат и милите, односно оние жени кои оставаа и оставаат трага во нејзиното патешествие – Живот, а кои се сè земно, имајќи ги најобичните карактеристики на земните суштества, но во нејзиниот свет тие се покров на љубовта, олицетворение на дарот, спротивставен браник на бурите…

Очите и солзите се споени, како плодот, рожбата и мајката, кога станува збор за покајанието, а во име на нешто само навидум недопирливо, пред кое сите имаме страв, почит, но и стремеж за достигнување – целта е јасна, надминување на несовршеноста и мир во Рајот…

Борче Грозданов

ПОКАНЕТИ СИТЕ
Со нас ќе се дружат
Актерката – Весна Стојановска Николовска
Вокалистката – Добрила Грашеска
Рецензент – Борче Грозданов

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...