Промоција на книгата „Совршениот странец” од Ивана Наскова | Видео

793

Ана, триесетгодишна жена одлучува да промени нешто во својот живот и започнува да работи во една фирма – странска инвестиција во државата која работи на продажба и маркетинг агенции за локалните големи фирми.

Таа е свесна дека оваа привремена работа и е’ само едно скалило од патот до успехот. Амбициозна и посветена до самопожртвување за кариера и професионален успех, најмалку очекува дека ќе се соочи со тоа од што и најмногу бега – ЉУБОВТА. Скришум и потајно ги гуши симпатиите кон својот колега Димитар.

Но еден работен ден, Ана нема да успее да ги изгасне пламените јазици на љубовта кон својот странски директор Ван Дер Берг. Ана и странецот започнуваат кратка, страсна и тајна романса во која што вљубувањето, очекувањата и разочарувањето неминовно те носат на патот на созревањето и на запознавањето на сопствените желби.

loading...

Љубовен роман во кој што се следат емоционалниот и професионалниот живот на една млада и амбициозна жена во современиот и модерен свет, а љубовните неизбежни радости, болки и страдања се темел на едно созревање.

Роман проткаен со силни чувства и емоции раскажани од женски агол.

Дали Ана ќе остане разочарана од љубовта, одговорот го има само СТРАНЕЦОТ.

Промотор: Зорица Николовска
ДЈ: Емилија Наскова – DJ Emily NAS

Голема благодарност до спонзорите Сковин Винарија/Skovin Winery.

Почитувани, промоцијата на книгата „Совршениот странец” од Ивана Наскова  е закажана за 15.11.2017 год. во „Булевар на книгите“ – Матица.

loading...