Пронајдени се антибиотици кои би можеле да направат револуција

2270

Руски биолози откриле природни антибиотици во пештерите на Сибир. И тоа оние кои би можеле да донесат револуција во борбата против бактериите отпорни на постоечките лекови.

Во сибирските пештери во близина на Бајкалското Езеро се крие богатство. Ниту дијаманти, ниту злато, туку бактерии, извор на природни антибиотици.

“Многу од пештерите во оваа област се постари од Бајкалското Езеро, постари се повеќе од 30 милиони години. Нашето истражување е посветено на тоа како настанала бактеријата, како е зачувана 30-40 милиони години и што произведува”, рече биологот Денис Аклсенов-Грибанов.

loading...

Пронајдените бактерии синтетизираат антибиотици кои би можеле да помогнат во развојот на антибиотици за т.н. супербактерии отпорни на сѐ, а се проценува дека токму тие би можеле да убијат 10 милиони луѓе секоја година.

“Бајкал е единствен еко-систем во кој можеме да најдеме многу организми кои имаат уникатни карактеристики, а кои може да се користат за креирање на нови технологии или да имаат биотехнолошка примена”, вели биологот Максим Тимофејев.

Пештерите во Сибир се недопрени беспрекорни оази. Руски научници ги проучуваат веќе некое време и земале примероци од Месечевото млеко, како што ги нарекуваат откриените супстанции.

“Сега нашата цел е да се зголеми бројот на антибиотици за практична примена. Имаме собрано голем број на примероци, но ние треба да бидеме многу фокусирани за да не ги трошиме ресурсите, а да добиеме антибиотик кој може да се користи”, вели Денис Аксенов-Грибанов, биолог.

Голем број на антибиотици се во завршна фаза на истражување. Соработуваат со научни институции и руските фармацевтски компании. Некои од тие антибиотици се користат на фармите на кокошки, а крајната цел е станат антибиотик за луѓето.

loading...