Пронајдено „идеалното место“ за колонизација на Месечината 

276

Научниците веќе подолго време претпоставуваат дека вдлабнатините на Месечината, направени од ерупциите лава, најверојатно се погодни и сигурни места за живот.

Истражување објавено во списанието „Џиофизикал Рисрч Летерс“ укажува дека неколкуте откриени тунели близу групата вулкани Мариус Хилс можат да се искористат за научно испитување на структурата на Месечината, но и како потенцијален дом за луѓето.

Јапонската воздушно-вселенска истражувачка агенција (JAXA) ги темели овие сознанија според анализа на податоци од леталото Селен. Освен што ги откриле тунелите, јапонските научници утврдиле и колку се тие длабоки и широки.

– Без сомнеж, овие дупки би биле совршени за колонистите. Во подземните тунели, луѓето би биле заштитени од штетните сончеви зраци, температурните промени… Бидејќи Месечината нема атмосфера, овие „скривалишта“ се идеални, пишува порталот „Гизмодо“.

loading...