Противниците на вакцините сега имаат нов таргет – миленичињата 

347

Се интересирате за антивакцинацијата, но не сте сигурни дали сакате да го ризикувате животот на детето за нејасна мода? А, зошто не испробате прво на вашето куче?

Токму така: антивакцинација за животни. Гардероба за кучиња, сега е нешто нормално. Мачките исто така не се имуни, на различни веб-страници сега ги наведуваат опасностите од имунизација на миленичињата.

Растечкото лоби на противниците на вакцини, кои им се даваат на животните, тврди дека имунизацијата на кучињата и мачињата може да предизвика разни болести и пореметувања, вклучувајќи и аутизам.

Лобито против вакцините сега се прошири и на домашните миленици, а многу портали укажуваат на наводната опасност од имунизација на кучињата и мачињата.

– Документ на американските ветеринари наведува дека секоја година 22.000 мачки добиваат рак на местото на кое примиле вакцина, пишува порталот „Догстенер“ од Велика Британија, додека „Дог нaтурли магазин“ пишува дека „66 отсто од сите болни кучиња почнуваат да се разболуваат само три недели по вакцинацијата“.

Сите тврдат дека вакцинацијата може да предизвика низа болести, меѓу кои и автоимуна хемолитична анемија, болести на штитната жлезда, артритис и парвовирус. Оние најжестоките тврдат дека кучињата така можат да станат аутистични.

Лобистите против вакцините наведуваат и други работи, па така укажуваат на „пред вакцинацијата“ истакнувајќи дека миленичињата се имунизираат секоја година додека повеќето од вакцините се направени да траат седум години.

Американскиот ветеринар и поборник против вакцинацијата, доктор Џон Роб, Државниот одбор на ветерена во 2015 го стави на пробна работа поради намалување на дозите на вакцините против беснило на малите кучиња. Тој сепак се бранеше од нападите и рече: „Вие ми велите дека ако постои закон по кој морам да ги убијам моите пациенти, дека тоа мора и да го направам“.

Но, ветеринарката од Калифорнија докторката Лиза Бојер, вели дека имунолозите објаснуваат оти вакцините не зависат од дозирањата, кое е потребно да се даде во одредена доза за да се стимулира имунолошкиот систем.

– Не се работи за тежината наспроти дозата. Мојот син, кој има седум години и јас, примаме иста вакцина, вели докторката Бојер.

Независниот ветеринарски производствен комитет на Велика Британија ги прегледа сите вакцини за кучиња и мачки од 1999 до 2002 година. Во неговиот заклучок се вели дека иако се јавуваат непоскаувани случувања по вакцинацијата, анализата на „вкупниот однос на ризикот и бенефитот силно поддржува натамошна употреба“.

Guardian/MIA

loading...