ПСА изработи европско урбано возило на иднината | Видео

202

Француската автомобилска групација „Пежо-Ситроен“ (ПСА) изработи концепт возило на иднината.

ПСА проектираше возило кое е нешто меѓу атомобил и скутер, за кое смета дека е идеален спој на двете категории за европските урбани центри.

Концепт возилото има три или четири тркала и е со должина од 2,4 метри и широчина од 0,85 метри. Тоа може да прими вкупно четири лица.

Возилото ќе биде хибрид со бензински мотор од еден цилиндар и 42 коњски сили и два електрични мотори позиционирани кај тркалата.

Батеријата на „Самсунг“ ќе му овозможи да помине 70 километри, додека во комбинација со бензинскиот мотор возилото ќе може да помине 300 километри со максимална брзина од 130 километри на час.

Патниците ќе бидат заштитени со воздушни перничиња и нема да мораат да носат шлемови, како при возењето на мотор.

loading...