ПСЖ прв финалист на Ф4 во Келн

437

Францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен е првиот финалист на „фајнал фор“ турнирот во Келн, откако попладнево го совлада унгарски Веспрем со 27:26.

Парижаните ја имаа контролата на резултатот и беа во водство од најголемиот дел од мечот, најмногу со три голови разлика и на крајот во драматична завршница стигнаа до победата.

Веспрем пред крајот на првото полувреме успеа да изедначи и на пауза се отиде со 11:11, но тоа не му успеа во финишот кога не реализира напад за продолженија.

Од 18 часот почнува второто полуфинале во Лигата на шампионите во кое ракометарите на македонскиот првак Вардар за противник ќе ја имаат екипата на Барселона.

loading...