Пубертет | Девојчињата сакаат друштво на момчиња

4682
Booking.com INT

Родителите не треба да креваат паника, ако нивното девојче во пубертет повеќе сака да се дружи со момчиња. Често тоа е само период кој поминува и нема да стане „момче“ ниту пак момчињата ќе го расипат.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Кога девојчињата во пубертет повеќе сакаат да се дружат со момчиња, многу родители се загрижени, но според експертите тоа не треба да биде причина за паника. Погрешно е од тоа да се прави фама.

– Често тоа е само период кој поминува со растењето, па не би требало да мислите дека вашите ќерки се „момчиња“ или дека момчињата ќе ги расипат, рече психологот Брајан Флипс.

– Девојчињата на таа возраст бараат, експериментираат, можеби едно лето повеќе ќе им одговара дружење со момчиња, откривање на нивниот свет, но тоа најверојатно ќе им помине, додава Флипс.

Не треба да им забранувате со цел да не почнат да се бунтуваат и од револт целосно го исфрлат женското друштво. Тогаш можат навистина да станат машкуданести и груби.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...