Публиката се жали дека фустаните на Вимблдон премногу откриваат

316
Вимблдон премногу откриваат

Непишано правило на Вимблдон, кога станува збор за облекување, е дека тенисерите да се облекуваат во бела облека. Но ова правило често им задава главоболка на дизајнерите на спортска опрема кои се обидуваат да додадат малку боја, а да не ја налутат пребирливата „модна полиција“.

Оваа година Најк предизвика многу вниамние и коментари за она што им го понуди на спортистките.

Вимблдон премногу откриваат1-001Новата линија на спортска облека за тенисерки наречена „NikeCourt Premier Slam“ е предмет на расправа со оглед на тоа што потсетува на кратка, проѕирна ноќница и според многумина, нешто што би требало да се носи само зад затворени врати.

loading...

Облеката открива премногу, особено во текот на ветровити денови, па Најк испрати мејл во Си-Ен-Ен во кој појасни дека фустаните сепак теба малку да се поправат.

– Производите не се повлечени, а измените често ги правиме веднаш по желба на нашите клиенти. Се обидуваме да направиме на теренот да се чувствуваат добро и удобно и да го дадат свој максимум, рече портпаролот на Најк.

Канаѓанката Ежени Бушар рече дека убав е фустанот, бидејќи и краток, а токму такви ги сака, додека некои тенисерки биле принудени во почетокот на турнирот сами да направат промени на фустаните, па некои од нив ги врзувале краевите на фустаните во чворови.

loading...