Путин доживеа неочекуван пораз среде Москва

285

Коалицијата на либералните опозициски партии оствари неочекуван успех на локалните и регионалните избори во Русија.

Коалицијата победи во повеќе изборни единици во Москва, вклучувајќи ја и таа во која гласаше претседателот Владимир Путин.

Секак, партијата Обединета Русија на Путин, која доминира со оваа земја веќе 17 години, освои најголем број места во неделните регионални избори.

loading...

Меѓутоа, успехот на опозицијата во центарот на руската метропола никако не може да се занемари, уште повеќе бидејќи Обединета Русија е победена во квартот Гагарински, каде гласаше и самиот Путин. Опозициската коалиција на Обединетите демократи во тој кварт ги освои сите 12 места.

Обединетите демократи, меѓу кои се либералните партии Јаблоко и Парнас, освоија и 11 од 12 места во квартот Тверцкаја, кој се наоѓа во непосредна близина на Кремљ. Во квартот Камовники ги освоија сите 15 места. Вкупно обезбедија мнозинство во 14 московски единици.

Истакнатиот новинар на „Новаја Газета“ и носител на листата за Камовиники, 33-годишниот Илија Азар, изјави за „Дејли бист” дека воопшто не се надевал на победа и дека се кандидирал само за да испрати порака за учеството во политичкиот живот, кој речиси во целост го контролира партијата на Путин.

Кога идниот ден дознал дека го поддржале речиси 50 отсто гласачи, според сопственото признание останал во „шок и неверување”.

– Обединета Русија не можеше да се види никаде во текот на кампањата, додека ние одевме од врата до врата за да разговараме со нашите гласачи. Можеби Обединета Русија беше премногу мрзелива, навикната да победува на сите избори, заклучил Азар.

Додека во остатокот на Русија гласачите, со смешно ниска излезност од 15 отсто гласаа за владејачката партија, народот во Москва покажа очигледна желба за промени, реформи и нови лица во политиката.

Некои од кандидатите кои граѓаните на Москва ги избраа уште пред неколку месеци беа во затвор или на улиците ги претепа полицијата или пропутиновските силеџии. Ги избраа дури и тие кои Кремљ ги етикетираше како „агенти на американските државни служби”, што е вообичаена тактика за демонизирање на опозицијата на руската слаба демократија, пишува „Индекс”.

Така Илија Јашин, кој го освои првото место во квартот Красноселски, во јули помина 15 дена во затвор поради учество во антикорупциски протест во тој кварт. Јашин минатиот ноември доби и смртна закана бидејќи сведочеше на судењето за убиството на својот политички сојузник Борис Немцов, кој беше убиен пред Кремљ.

– Новиот шериф дојде во градот, се пошегува Јашин на својот Фејсбук, по објавата на изборните резултати, алудирајќи на бројните шерифи кои царуваат со руската политика и општеството. Иако локалните градоначалници немаат голема моќ, нивната поддршка е клична за кандидатите на изборите за градоначалник на Москва, што ќе се одржат идната година.

Како што пишува „Гардијан”, изборот на околу 250 советници на Обединетите демократи ќе ја отежни работата на градоначалникот Сергеј Собјанин, кој идната година ќе оди по нов мандат. Собјанин инаку разлути многу граѓани на Москва со речиси бескрајните работи на патиштата во главниот град, за кои критичарите тврдат дека се параван за префрлање на парите на сметки на државните бирократи и градежните тајкуни кои се поврзани со Кремљ.

Како и на многу досегашни избори во Русија, било да се работи за претседателски, парламентарни или локални и на овие избори се регистиррани многу забелешки поради местење во корист на партијата на Путин.

Независната организација за набљудување на изборите Голос пријави околу 600 приговори. Освен тоа, на некои опозициски политичари како градоначалникот на Екатеринбург, Евгениј Ројзман изборните претставници му ја забранија кандидатурата, што исто така е вообичаена пракса во Русија.

На изборите за гувернеру, Обединета Русија ги освои сите 15 гувернерски места во земјата. Од друга страна, одлуката Кремљ да ги олабави строгите ограничувања при регистрација за кандидатурите беше пресудна за успехот на опозицијата во центарот на Москва.

– Ова е нова ера за руската политика. Сите се многу шокирани. Симболично е дека опозицијата сега го контролира квартот во кој Путин е регистриран за гласање, рече Виталиј Шклијаров, 41-годишен политички аналитичар, кој лани учествуваше во предизборната кампања на американскиот левичар Берни Сандерс.

Независне новине – Бања Лука/МИА

loading...