Пушачите имаат поголем ризик за срцев удар

516

Истражување спроведено во Велика Британија укажува на силната врска меѓу пушењето и зголемениот ризик од срцев удар кај групи од сите возрасти, а посебно кај лица помлади од 50 години. 

Податоците собрани во „Нортерн Џенерал Хоспитал“ во Шефилд покажуваат дека ризикот од срцев удар кај пушачите помлади од 50 години е речиси 8,5 пати поголем во однос на непушачите на таа возраст.

Во група на возраст од 50 до 65 години пушачите имале тројно поголем ризик за срцев удар од непушачите.

loading...

Во истражувањето биле користени податоци за околу 1.700 пациенти хоспитализирани поради срцев удар.

Од нив пушеле 48,5 отсто, 27 отсто биле поранешни пушачи, а 24 отсто непушачи.

Пушачите кои доживеале срцев удар биле просечно 10 години помлади од останатите испитаници хоспитализирани поради инфарк, наведува стручното списание „Харт“.

loading...