Разбојник извршил грабеж во куќа во Македонски Брод

1369

Педесет и осумгодишниот М.В. од Македонски Брод синоќа во полициската станица Македонски Брод пријавил дека истиот ден меѓу 18 до 23 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.

Како што информира МВР, сторителот насилно ја отворил влезната врата и извршил пребарување, при што пронашол и одзел 10 златници во вредност од 5.000 евра, рачен часовник во вредност од 300 евра и 40 евра, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на кривичното дело.

loading...