Развод од отровната мајка | Тоа е болно, но потполно ослободувачко

4660

Односот на мајките и ќерките не често е турболентен, а овие жени одлучиле да ги прекинат сите свои врски со мајките, бидејќи манипулирале со нив, ги ограничувале и психички уништувале.

Пред пет години, една жена по име Marci отишла во зоолошка градина со својата мајка, брат ѝ и неговата сопруга. Тоа беше пријатно попладне, но во еден момент се претворило во хаос.

– После тоа, мајка ми ме прашала што се случува помеѓу брат ми и неговата сопруга, бидејќи знаела дека имаат проблеми. Ѝ реков дека не знам, а таа продолжила да ме испрашува, и така целата налутена на мене, бидејќи немам одговор, ме удри, на возраст од 35 години – раскажа Marci за само еден од “вообичаените” разговори со својата мајка за BroadlyVice порталот. Ним своите приказни за “разводите” со мајките ги откриле три ќерки на кои овој портал одлучил да им го заштити идентитетот со промена на имињата.

loading...

Неколку години по тој инцидент Marci одлучила драстично да го промени својот живот и се “разведе” од својата мајка. Одлучувачки момент – кога дознала дека боледува од мултиплекс склероза. Намалувајќи го стресот во својот живот, кој е еден од главните активатори на нападите, таа сфатила дека најмногу стрес и проблеми ѝ предизвикува врската со мајка ѝ.

– Се чувствував одлично, како огромна тежина да ми падна од рамена. Гледајќи наназад згрешив што не ги одредив границите во односот со својата мајка. Јас често коментирав со пријателите дека е луда, но тоа било повеќе во смисла “како родителите се глупави” – се сеќава Marci.

Нејзиното чувство на слобода по разводот од мајка ѝ не е невообичаена реакција, но не е и единствена.

– Отуѓување од членовите на семејството може да има сериозни последици врз човечката психа. Тоа може да вклучува анксиозност или депресија, или двете. Често се случува и очај. Чувството на отфрленост е силно и долготрајно, кога детето ќе одлучи да се “разведе” од својот родител. Во овие случаи, мајките често се обвинуваат за “разводот”, што има штетно влијание врз нивната самодоверба – објасни Mark Sichel, клинички социјален работник.

– Една моја пациентка го опиша разводот од мајка ѝ, велејќи: Никогаш не сум се согласувала со мајка ми. Некако собрав храброст да ѝ кажам дека е завршено меѓу нас. Дека завршив со кавгите, со провокациите и постојани критики. Се чувствував слободно, исто како што се чувствувале робовите кога конечно се ослободиле од зли тирани. Сѐ на сѐ, животот без мајка ми е вистинско задоволство”– раскажува Sichel.

Едно истражување спроведено во 2014 година од здружението Самостојност, заклучило дека 68 отсто од вкупно 807 испитаници веруваат, дека постои стигма околу оддалечувањето од нивните семејства и воопшто недоразбирање на средината кон луѓето кои избрале да го сторат тоа.

Таа стигма, како и ударот на самопочитувањето, е причината зошто жените многу подоцна ги прекинуваат своите многу лични и силни врски со мајките. Страв од осуда од средината може да ја задржи жената во контакт со нејзината мајка со месеци, дури со години, пред да се одлучи на целосен прекин.

– Мојата мајка е убедена дека повеќе не комуницираме, затоа што се налутив заради тортата. Всушност бев на работ на нервен слом поради безброј проблеми што ги имав со неа. Често ѝ зборував за своите проблеми на кои таа би одговорила дека треба да пораснам, и да не гледам само себе. Во тој последен разговор, нешто едноставно пукна во мене. Сфатив дека тоа лице што го нарекувам мајка нема желба да ми биде подобро. А самата да се средам, морав да се тргнам од неа – раскажува триесетдвегодишната Аманда.

Триесетдвегодишната Drew е, исто така, ќерка на мајка која немала чувство за чувствата на својата ќерка. Раскажува дека, конечно, пред неколку години одлучила да го прекине контактот со својата мајка. Целиот живот, нејзината мајка ја одбивала и манипулирала со неа, а на неа ѝ е потребно многу време да си го признае тоа себеси, и да го прифати фактот дека нејзината мајка никогаш нема да биде мајка која таа сака. Но, моментот кога го сфатила тоа било ослободувачки и ѝ паднал товарот од срцето.

Sichel смета дека жените се одлучуваат на “развод” од своите мајки кога ќе го постават својот живот на нозе, кога тие веќе не се зависни од нив финансиски, главно во дваесетите и триесетите години.

– Отуѓување од семејството и пресекување на семејните врски обично е резултат на пореметени односи во кои мајките се обидуваат да го спречат нормалниот развој на детето, нивниот пресврт и осамостојување. Со текот на времето, “прекршок”, кој предизвикува целосен прекин во комуникацијата помеѓу мајката и ќерката е непочитување на возрасното дете – вели Sichel.

loading...