Разделена тројка по нивното раѓање за да биде дел од болниот научен експеримент | Видео

1681
Booking.com INT

За 19-годишниот Robert Shafran пристигнувањето на колеџот Sullivan County Community College во New York, на кој се запишал, било сосема збунувачко.

Bitcoin Exchange CEX.IO

“Момците ме тапкаа по рамо, девојките ме прегрнуваа и ме бакнуваа”, се присеќава. Му се допаднало тоа, но сите го викале Eddy.

Студентот од втора година, Michael Domnitz, чиј најдобар пријател Eddy Galland, само што се преместил на друг колеџ, ја разјаснил мистеријата. Всушност, откако дознал дека Shafran е роден на истиот ден како Galland, 12 јули 1961, и дека е посвоен исто како и Eddy, Domnitz на двајцата браќа им договорил средба.

Кога се сретнале, сфатиле дека се смеат на ист начин, зборуваат на ист начин, имаат мадежи, па и нивниот количник на интелигенција (148) бил идентичен.

Болничката евиденција го потврди она што момчињата веќе го знаеле, а медиумите почнале да пишуваат за обединетите близнаци.

И тогаш се случило нешто уште поневеројатно. David Kellman, бруцош на Queens колеџот во New York, кој ја видел нивната фотографија во весниците, побарал средба и го навикал Galland.

“Нема да ми поверувате во она што сега ќе ви го кажам”, им рече тој, а само документите за посвојување во Агенцијата Louise Wise можат да ја потврдат вистината.

Конечно заедно

Robert, David и Eddy се тројка, родени токму по тој ред со растојание од 27 минути. Тие кратко време по раѓањето биле одвоени.

Обединетото трио многу пушело цигари, ја обожавале италијанската кујна (иако биле одгледувани во еврејски семејства) и ги сакале постарите жени.

“Дури и сега, потребни се неколку минути за да сфатам кој повикува на телефон”, вели сѐ уште зачудениот таткото на David, Richard. Неговата мајка, Claire, се пошегувала дека било позитивно тоа што момчињата раснале одделени: “И со овој еден беше доволно тешко”.

Откако буквално преку ноќ се обединиле, станале познати. Во јавноста се појавувале со нивниот адвокат Jacko Solomon. Тој беше нивниот, еден вид, агент кој интервјуата на машката тројка ги држел во граници на нормалата.

Познати браќа

Се појавувале во ТВ емисии, едногласно одговарале на прашањата и си ги завршувале еден на друг речениците.

“Откако се собравме тројцата, тоа беше среќа која никогаш не сум ја почувствувал во мојот живот”, рече Robert.

Онака убави и згодни биле забележани од Мадона, која им дала мала улога во нејзиниот филм од 1985 година “Очајнички барајќи ја Сузан”.

Посетувале часови по глума и биле дел од серијата “Кафуле наздравје”, иако Hollywood никогаш премногу не ги доживеал.

Се запишале на ист колеџ, каде што студирале маркетинг и делеле стан во New York. Откако некое време работеле како конобари во ресторан, одлучиле да отворат сопствен ресторан со помош на таткото на David, го именувале “Triplets” (Тројки).

Нивниот имиџ веднаш беше избришан кога е откриено дека Robert бил обвинет за убиство само неколку месеци порано, поради учеството во грабеж во кој 83-годишна жена била претепана до смрт.

Robert се изјаснил за виновен, сведочеше против неговиот соучесник, а неговата казна сведена е на минимум – беше осуден на пет години работа за време на викендите во домот за деца со посебни потреби. Robert рекол дека се запишал на колеџот после тоа, бидејќи сакал да ја сврти новата страница во својот живот.

За тоа како се чувствува како еден од тројката, тој рече: “Цел живот се чувствував и посебно и единствено. Сега запознав двајца луѓе кои се исти како мене”.

Ужасна вистина

Нивниот случај предизвикал голем број прашања. Агенцијата за посвојување одби да даде коментар за тоа зошто бебињата биле одвоени, и на ниту еден од посвоителите не им било кажано дека нивниот син е роден со уште двајца браќа.

Кога нивните шокирани родители ја посетиле агенцијата за посвојување, дошле до ужасно откритие за научната студија за раздвоени близнаци и тројки. Во истрагата им помогнал новинарот на New Yorker, Lawrence Wright, кој работел на приказни за научни истражувања.

Момчињата и нивните семејства дознале дека нивните животи постојано биле следени, снимани и документирани за да им послужат на интересите на психолозите кои сакале да го проучуваат влијанието на генот, наспроти влијанијата на средината врз луѓето.

За тројцата мажи тоа беше мала утеха, бидејќи сите тројца имале долготрајни проблеми во однесувањето, почнувајќи од удирањето на главата од креветчето.

Истражувачот д-р Peter Neubauer починал, но неговиот постар соработник коментираше во едно интервју за документарец: “Што да се прави, тогаш тоа беше поинакво време …”

Пред неговата смрт, д-р Neubauer ја бранеше студијата во медиумите. Тој рекол дека тројката секако би била разделена, бидејќи тоа било таква практика.

– Ние во тоа видовме дополнителната можност за истражување.

Иако триото било неразделни од самиот почеток, нивната врска со текот на времето се прекинала.

Сфатиле дека заеднички ресторан не е најдобра идеја – почнале да се расправаат и Shafran се откажал од бизнисот.

Во 1995 година, 15 години откако се поврзале, Eddy Galland си го одзеде животот во својот дом во New Jersey. Зад себе остави жена и мало дете.

Психолошкото влијание врз тројцата мажи е неоспорно и се насетувало дека нивната болка не се намалувала. Во интервјуто за Newsday во 1997 година, David Kellman изјавил дека им биле украдени 20 од заедничките години.

– Како можете да им го сторите тоа на мали бебиња? Невините деца да се разделат по раѓањето – праша Shafran.

Никој до сега не им се извинил на браќата кои сега имаат 56 години.

– Нѐ прозиваат за учесници во истражувањето. Не сме учесници, ние сме жртви – заклучи David Kellman.

Премиерата на документарниот филм на Tim Wardle “Three Identical Strangers” (Тројца идентични странци) беше пред неколку дена на филмскиот фестивал, Sundance Film, а таму беа и David и Robert.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...