Разликата во годините меѓу партнерите влијае на траењето на врската

6371

„Срцето го сака тоа што го сака”, „Љубовта е слепа” и „Возраста е само бројка” се добро познати клишеа. Сепак, научниците тврдат дека разликата во годините меѓу партнерите може да ја одреди долговечноста на врската.

Ако излегувате со некој кој е многу помлад или многу постар сигурно дека ќе слушнете од луѓе дека не го одобруваат тоа. Пример за тоа е случајот со избраниот претседател на Франција Емануел Макрон, чија сопруга е 24 години постара од него.

„Ако јас бев 20 години постар од неа, никој не би помислил дека не можеме да бидеме во врска. Само затоа што таа е постара од мене, луѓето велат: Тој однос не е одржлив, тоа не е возможно” – рече Макрон за Ле Парисиен.

loading...

Иако секое правило има исклучоци, истражувањата покажуваат дека големите старосни разлики резултираат со солзи. Според студијата која ја спровел Универзитетот Емори во Атланта, колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се помали шансите таа врска да успее.

Во текот на истражувањето биле испитани 3.000 лица, а резултатите покажуваат дека двојките со старосна разлика од пет години имаат 18 отсто поголеми шанси да се разделат од двојките кои се на исти години.

Во врски во кои старосната разлика е десет години, двојките имаат 39 отсто шанси да се разделат, а врските во кои старосната разлика е 20 години и повеќе, целосно се осудени на пропаст. Спротивно на популарното верување, истражувачите веруваат дека идеална е едногодишна разлика меѓу партнерите.

loading...