Разликите помеѓу мажите и жените се вистински | Една нова студија сугерира дека тестостеронот значително го менува мозокот

393

Без разлика колку силна била иницијативата дека полот се третира како социјална конструкција, науката вели дека постојат вистински разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок, објави Slate.

Последен доказ од европската студија, прва од таков вид, покажува дека женскиот мозок може значително да се преструктуира со изложеноста на тестостерон преку одреден временски период. Истражувањето покажало дека жените имаат подобра меморија и јазични вештини, додека мажите покажале поголема вештина во снаоѓање со просторот (но тоа тврдење, исто така, се оспорува).

Поради етичките ограничувања, ниту една студија не можела да го измери директното влијание на тестостеронот врз мозокот, барем не досега. Истражувачите од Холандија и Австрија, со помош на невро-сликање откриле дека зголемувањето на тестостеронот во голема мера влијае на намалување на клучните области во женскиот мозок поврзани со јазични вештини. Резултатите биле презентирани на годишната средба на европското здружение на неуропсихофарматолозите во Амстердам.

loading...

Научниците ги скенирале мозоците на 18 луѓе пред и по добивањето на високи дози на тестостерон, како дел од терапија со хормони за време на промена на полот од женски во машки. По само четири недели на примање тестостерон, учесниците ја загубиле сивата материја во мозокот (која главно се занимава со обработката на информации) во деловите од мозокот кои се користат за исполнување на јазичните задачи.

Таа промена претставува “реална и квантитативна разлика во структурата на мозокот”, изјави Руперт Ланценбергер од виенскиот медицински факултет.

Иако студијата е мала по обем, собраните податоци ја скокоткаат имагинацијата на научниците заради можноста да се открие начинот како хормоните влијаат на хемискиот состав на мозокот. Ланценбергер вели дека ова откритие укажува на тоа дека разликата во мозокот на мажите и жените да се манифестира преку ефектите и циркулацијата на половите хормони.

loading...