Ракот држи лутина, Водолијата брзо заборава, а Овенот пука од бес

9516

Темпераментот најмногу е под влијание на планетата Марс, и додека ракот задржува лутина, Девицата е најсмирена. Рибата се доживува лично, а најгласно се лутат Овенот и Лавот

ovenОвните се познати по краткиот фитил
Ништо не ги вознемирува членовите на овој знак како недостаток на лојалност и непочитување на редот, а во состојба се да се разбеснат за најмала ситница, бидејќи секоја навреда ја доживуваат како напад на егото. Како Овните се исклучително темпераментни, во напад на лутина не бираат средства со кои ќе го дотепаат противникот. Но ако другата страна остане мирна, Овните веднаш се ладат. Исто така, постои веројатност први да се извинат, што ја олеснува смирувачката ситуацијата.

bikБиковите имаат многу трпение, но не треба да се предизвикуваат
Трпеливи, мирни и внимателени членови на овој знак имаат најиздржливи нерви во целиот Зодијак. Сепак, ако постојано го предизвикувате нивното трпение, внимавајте, бидејќи ќе слушнете се што ви забележува од првиот момент од кога ве познава. Негативната страна на Биковиот темперамент е тоа што тие не престануваат да се залага за правдината, па со години ќе чекаат да се осветат на оној кој им згрешил.

bliznaciБлизнаците лутината ја изразуваат со зборови
Весели и хиперактивн, Близнаците во расправиите настапуваат дипломатски и имаат висока вештина на примирување на ситуацијата. Ако ги разлутите, преминуваат на ниски удари, со зборови кои го маваат противникот таму кај што е најслаб. Тогаш тие ќе викаат и нема да ги слушаат аргументите од другата страна, но предноста е таа што брзо ќе се смират и ќе бидат подготвени да преминат преку расправијата без замерки.

rakРаковите трпат и ретко имаат излив на лутина
Членовите на овој знак се грижливи, мили и добродушни и не сакаат непријатни сцени кои со сета своја силина се трудат да ги избегнат. Толерантни се и ретко ќе се испровоцираат до таа мерка да ги изгубат нервите. Многу веројатно е дека Раковите ќе свртат грб и ќе заминат сред расправија, но тоа не значи дека тие не се темпераментни, туку дека имаат одлична самоконтрола. Затоа, тие имаат тенденција да ја собираат лутината и фрустрацијата во себе.

lavЛавовите се осетливи, но не се опасни
Иако членовите на овој знак се темпераментни, не се ни приближно експлозивни као Овните. Раздразливи се, но ако се навредат стануваат ладни и пресметливи. Кога се во лутина критични се према другата страна, но попустливи се ако увидат дека згрешиле. Бидејќи се многу егоистични, понекогаш правдината ќе ја истераат со гласно викање, но иако се склони кон дерење, не се обидуваат да навредат.

devicaДевиците ги контролираат емоциите
Иако повеќето од членовите на овој знак се смирени и ги контролираат емоциите, постојат и оние кои лутината, иако ретко ги обзема, ги тера да ги кршат работите и да изведуваат крајно непријатни сцена. Сите членови на овој знак мразат да се губитници во расправиите, па со сите сили ќе се обидат да се претстават себеси како морални победници. Не се склони кон расправии пред луѓе, бидејќи многу им е важно другите да ги гледаат како културни, што докажува колку можат да се контролираат и да чекаат вистинско време за напад. Расправијата обично ја започнуваат со ситни провокации, но нема да го признаат тоа.

libraВагите со часови се лути
Членовите на овој знак према другите ќе го покажат своето вистинско лице во расправиите, а само према блиските ќе покажат како изгледа нивниот бес, додека другите ќе видат смирен соговорник. Вагите многу работи можат да ги повреди, па поради тоа се во можност со часови да се лутат. Во најголемите моменти на лутина заминуваат од расправијата и ги исклучуваат мобилките, и очекуваат да им се оправдате со голем гест.

scorpioШкорпиите се провокатори, но не губат контрола
Помалку арогантни и манипулатори, Шкорпионите повеќе покажуваат дека се темпераментни отколку што расправијата навистина ги исфрла од такт. Подоцна себеси си замеруваат дека према другите ја покажале својата слабост, но обично почнуваат расправија ако почувствуваат дека не се приоритет на најблиските. Понекогаш се расправаат и ради реда, за да им покажат на другите до каде се границите на однесувањето кои се спремни да го толерираат.

strelecТемпераментот на Стрелците е непредвидлив
Во расправиите членовите на овој знак се сосема ирационални и немаат респект за чувствата на другите луѓе. Ќе ја напаѓаат другата страна без план, а од фазата викање преминуваат во фаза плачење. Сепак, еднаш изнесениот став не го менуваат, а потребно им е многу убедувања за да ги простат туѓите навреди. За нив е најдобро да не влегуваат во расправиите веднаш, туку важните одлуки да ги преспијат.

jarecНа Јарците им е потребно време да се смират
Практични и дисциплинирани, Јарците се чувствителни на потребите на луѓето и нивните чувствата, а во расправиите обично се обидуваат да ја согледаат вистинската причина за несогласувањето. Иако под ладнокрвноста се кријат многу емоции, не ќе можат да ги контролираат ако почувствуваат дека нивните добри намери се доведуваат во прашање. Се обидуваат да не се разбеснат, подготвени на отстапки за општото добро, но имаат потреба сѐ да биде по нивно. По тешките расправии, тие можат да молчат со денови сѐ додека не се смират.

vodolijaВодолиите лесно се лутат, но и забораваат
Членовите на овој знак обично губат нерви ако се судрат со ограничувања или ако им се префрли дека ги изневериле очекувањата. Не се самокритични, па можно е за нивната вина да размислуваат со денови по конфликтот. Најважно им е да нагласат дека никој со нив не може да управува, но ова најчесто не е случај, бидејќи тие се робови на нивната нервоза. Сепак, брзо забораат и подготвени се да преминат преку расправијата, па дури и навреди, ако другата страна е подготвена да го стори истото.

ribiРибите сѐ доживуваат лично
Членовите на овој знак обично се преосетливи, а како што не сакаат нивните чувства да бидат повредени, се обидуваат да не го направат тоа на другите. Сепак, ги загубат ли нервите ќе ви подготват мала театрална сцена и ќе бараат за осаменост. Кога ќе се изладат, а тоа е брзо, имаат силна потреба веднаш да ја подмират ситуацијата. Дури и тие самите ќе побара прошка, и објективно кога не се виновни. Но, кога туѓите коментари често ги доживуваат како сопствена критика, тоа им е начин да ги избалансираат односите.