Ранет однос со мајката – зошто и како да го исцелите?

6278

Односот со мајката се однесува на основното прашање на љубовта, припадноста и безбедноста, односно на нашите основни потреби како човечки суштества.

Ерик Фром вели дека детето во првата година од животот мајката ја доживува како сеопфатна сила, која го штити и храни. Кога мајката нѐ сака, значи дека сме живи, вкоренети и дека сме „дома“.

Голем број мајки не можеле, не знаеле или немале капацитети на своето дете да му бидат доволно добри мајки и во своите искрено најдобри намери, но поради сопствените рани од детството влегле во улога на мајки, чиј однос кон детето испраќал пораки, кои биле токсични за неговото растење и функционирање, вели Ана Пулек, психодрамски практичар.

Некои од улогите на недоволно добра мајка се: лута мајка (мајка која со својата диреткна или индиректна лутина му става на детето збрана да се изразува себе си), мајка контролор (не е важно какво е детето, туку тоа да биде какво што таа сака), мајка нарцис (мајка, која поставува високи критериуми и кои е невозможно да се задоволат), мајка која занемарува (мајка која не е доволно заинтерсирана или е не е присутна за потребите на детето, кое мора да се прилагодува на нејзиното расположение) и завидна мајка (мајка, која свесно или несвесно е лута на успехот на своето дете).

Доколку некои од базичните потребни не ни се исполнети во детството, како возрасни и натаму во себе носиме еден вид емоционална глад, при што низ различни ситуации и односи бараме потврда дека сме сакани, почитувани и вредни за живот. Проблемите се појавуваат кога тој облик на потврда ќе изостане и ќе се почувствуваме повредени. Детето во нас ја чувствува истата повреда, која ја доживеало и кога било мало, а возрасниот дел од нас не знае како да му помогне.

Нашето чувство на отфрленост, тага, загубеност во тој момент е потсетник на раната, која спие во нас.

Таткото на психодрамата Џејкоб Леви Морено токму преку набљудувањето на детската игра дошол до идеја дека и како возрасни можеме повторно да бидеме деца, да влегуваме во улоги на себе и другите, на сето она неизразено во нас.

Психодрамата, како метод ни дава можност да ги оживееме сцените од минатото и да го разбудиме тоа мало дете, да видиме и слушнеме што тоа има да ни каже и преку својата работата со овој метод да му „станеме доволно добар родител“. Токму преку тој процес ги освестуваме своите сили и потенцијали и му даваме на нашето внатрешно дете дозвола слободно да се изрази, формирајќи со него една цврста врска, полна со поддршка и разбирање.

Со растењето во емоционална смисла, повторно ја „сечеме папочната врвка“, која низ детството не спојувала со мајката и ни била канал низ кој сме се доживувале себе си, односите и светот околу нас.

По обработката на случувањата и доживувањата, кои ни оставиле трага, давајќи ни чувство дека не сме доволно забележани, сакани и вредни за поддршка, откриваме во нас дека и натаму постои витален жив дел полн со потенцијал, подготвен на соработка и учење.

На крајот на краиштата, заклучува Пулен, не станува збор само за нашата мајка, туку почнува да функционира и нашиот однос со животот како таков, кој по детстото и ратсењето продолжува низ серија други фази и пред нас става безброј нови предизвици. Доколку од нив со работа на себе создадеме нови можности, стануваме сведоци на промени, кои носат еден многу убав и вреден живот, за себе и за другите.

loading...