РЕВОЛУЦИЈА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА РАК НА ПРОСТАТАТА

1588
Booking.com INT

“Ние целосно го излечивме човекот чиј тумор го уништивме со хормон за кој претходно се мислеше дека е штетен”

Bitcoin Exchange CEX.IO

Досега се сметаше дека тестостеронот е еден вид на “гориво” за напредувањето на ракот на простатата и целта на скоро сите терапии беше да се намали нивото на овој хормон во организмот на пациентите.

Новото, сѐ уште експериментално медицинско истражување, покажа нешто сосема друго.

Како што вели Дејли Телеграф, човекот со напредна фаза на рак на простата, наводно, целосно го излекувала т.н. “шок терапија”, во која лекарите му давале големи дози на тестостерон.

И кај другите пациенти кои учествувале во истражувањето ракот полека почнал да се повлекува.

Нивото на антигените специфични за простата, кои воедно се и единствените тумор маркери со кои може прилично рано да се открие ракот, драстично се намалил кај повеќето од 47 мажи кои биле подложни на новиот третман.

– Кај еден пациент нивото на антигените паднало на нула по три месеци и 22 циклуси на третман, се пофалиле научниците.

Овој потенцијално револуционерен медицински експеримент бил инициран од професорот Sam Denmead од универзитетската болница Џонс Хопкинс во Балтимор во САД.

– Нашата цел е со шокови да ги убиеме клетките на ракот напаѓајќи ги со тестостерон. Резултатите се зачудувачки добри, иако сме сѐ уште во рана фаза. Охрабрени сме од фактот дека болеста кај поголемиот дел од мажите веќе една година, откако биле на нашата терапија, стагнира, вели професор Denmead.

Сите пациенти претходно примале хормонските лекови, Абиратерон и Ензалутамид, на кои организмот им станал отпорен.

Со децении пред ова откритие, мажите со рак на простата биле третирани со намалување на нивото на тестостерон, хормон кој го излачуваат тестисите, а за овој вид на терапија и денес се залагаат многу експерти.

Времето допрва ќе покаже колку новата шок терапија, која Американците ја презентирале на симпозиумот во Минхен, Германија, е успешна.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...