РЕЗУЛТАТИТИТЕ ОД НАЈНОВИТЕ СТУДИИ НЕПОВОЛНИ ЗА ЧОВЕШТВОТО | Стотици илјади луѓе ќе умрат поради климатските промени, температурите се премногу високи!

961

Две неодамна спроведени истражувања за можните последици од климатските промени предвидуваат стотици илјади смртни случаи во целиот свет како причина за претерано високата температура која во некој момент ние не ќе бидеме во можност да ја поднесеме.

Како што се зголемуваат температурите насекаде, многу делови на земјата се во опасност. Во некои делови од Јужна Азија, регион во кој живее петтина од вкупното човештво, се очекува горештините да бидат толку големи што ќе го надминат нивото кое човечкото тело може да го издржи.

Големото истражување е објавено во средата, а според него, ситуацијата би можела да кулминира веќе до крајот на 21 век. Во заклучоците на студијата, научниците предупредуваат дека најмногу и попрво ќе настрадаат луѓето во земјите во развој во прегреаните делови на светот кои обично работат на отворено или во земјоделството, па тешко можат да се заштитат од екстремна горештина. Во многу земји веќе денеска воздухот не е здрав да се дише.

Така до 2100 година, според студијата од Универзитетот во Северна Каролина, би можело да има најмалку 260.000 смртни случаи директно поврзани со загадениот воздух. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), се очекува во периодот меѓу 2030 и 2050 година да починат по 250.000 луѓе годишно повеќе од вообичаеното, и тоа поради маларија, дијареа, топлотен удар и други последици од прекумерните температури.

loading...