Реформаторите на ВМРО ДПМНЕ инсистираат на внатрепартиски реформи пред локалните избори

1192

Никола Груевски да си поднесе оставка од лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ, партијата да се извини за говорот на омраза и нападите на меѓунардоната заедница и нејзините дипломатски претставници во земјава, да отпочнат внатрепартиските реформи за демокартизација на партијата за да се врати нејзиниот углед. Ова вечерва на панел дискусијата во Битола го порачаа реформаторите на ВМРО ДПМНЕ.

– Груевски како претседател на партијата и врвот да си дадат оставка, бидејќи она што е сега со нови членови прикачени од други партии во извршниот комитет е само шминкерска работа изјави Иван Јолевски од регионалниот штаб за вантрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Реформаторите инсистираат внатрепартиските реформи да отпочнат пред локланите избори, да се децентрализира поспатпката за составување на советничките листи и изборот на кандидати за градоначалници и наместо Груевски да одлучуваат општинските комитети.

loading...

– Ако продолжи о вој начин на кандидирање на кандидати за советници и градоначлник Битола ќе биде угушена без можност ВМРО ДПМНЕ да постигне вистински успех и да докаже дека е непобедлива и во овој град, изјави Петар Богоевски, од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Реформаторите инсистираат на внатрепартиски реформи пред локалните избори

 

loading...