Ритамот на новороденчињата | Музиката им помага на бебињата порано да прозборат

2683

“Стимулирањето со музика уште од рана возраст веќе има долгорочно подобар ефект на когнитивните способности”, изјави научникот кој ја предводел студијата.

Музиката им помага на бебињата порано да прозборат, покажала една мала студија на американските научници, кои го следеле однесувањето на бебињата во игра со музички ритмови.

Тие ја споредиле групата со дваесетина деветмесечни бебињата, кои учеле да репродуцираат музики ритми удирајќи со раката на барабан со 19 нивни врсници, кои истовремено играле со други играчки, како што се автомобилите или коцките.

Научниците откриле дека активноста на мозочните региони задолжени за препознавање на вокални и музички карактеристики – аудитивниот кортекс и префронталниот кортекс кај децата од музичката група била повисока отколку кај оние кои играле со коцки и автомобили, а двете мозочни регии важни за концентрација и одржување на вниманието.

“Ова е првата студија спроведена на многу мали деца, која укажува на тоа дека изложеноста на музички ритмови во рана возраст може да ја подобри способноста да се идентификува јазикот на ритамот”, објаснува научникот од Институтот за учење и наука на мозокот на Универзитетот во Вашингтон, Кристина Жао, која го предводеше истражувањето.

бебе 2-001

Фото: Pixabay

“Стимулирањето со музика уште од рана возраст има долгорочно подобар ефект на когнитивните способности”, изјави Жао. “За бебето да проговори прво мора да научи да ги препознае тоновите и различните ритми,” објаснува коавторот на студијата Патриша Кул, објаснувајќи дека способност за перцепција на звук е “важна когнитивна способност”,  и дека “можноста на нејзиното рано подобрување има долгорочно влијание врз учењето”.

Јазикот, како музика има силни ритмички карактеристики, велат истражувачите. Значи ритамот на слогови помага во разликувањето на звуци и овозможува да се разбере она што некој кажува. А можност да се забележи разликата меѓу гласовите им помага на бебињата порано да научат да зборуваат, објасниле тие.

За тоа да го докажат истражувачите во текот на месец дена организирале 12 петнаесетминутни дружења на дваесет деца во лабораторија, заедно со родителите кои воделе и вршеле надзор на нивните активности. Родителите во ритамот на тротактните детски песни удирале ритам. Една недела по завршувањето на музичките средби кај сите деца од музичката група биле забележани посилни реакции во мозокот, кои покажале дека тие бебиња подобро ги препознаваат промените на ритмот отколку децата од другата група.

Наодите на студијата се објавени во Proceedings of the National Academy of Sciences (Зборникот на Националната академија на науките).

loading...