Роберт Редфорд најави заминување во актерска пензија

869

Американскиот глумец, режисер и продуцент Роберт Редфорд (80) најави дека наскоро планира да ја напушти глумата за да се фокусира на режијата и својата прва љубов – уметноста.

Во онлајн интервју за Волкер Арт Центар, кое го даде на неговиот внук Дилан, Роберт Редфорд рече дека станува уморен од глумата, најавувајќи дека ќе се прости од неа по завршувањето на уште два проекти, на кои моментно е ангажиран.

Актерот нагласи дека негова прва љубов е уметноста, раскажувајќи дека како тинејџер минувал време во Европа „истражувајќи го раскажувањето приказни преку сликарството“.

Редфорд, за филмот „Обични луѓе“ од 1980 година беше награден со Оскар за режија.

loading...