Робот уништувач на автомобили | Видео

314

Американска компанија „Мега-Ботс“ по неколкугодишна работа создаде борбен робот уништувач со облик на човек, кој беше претставен на Мејкер Фер 2017.

Металниот гигант има маса од 12 тони и е висок пет метри. Може да се движи како човек и да смачка што и да му се најде „при рака“, на пример автомобил.

Сепак, машината има и недостатоци. Набљудувачите изразиле незадоволство од тоа што таа е „претерано бавна“, но креаторите образложиле дека нивна била одлуката да не го прикажат сиот негов капацитет и моќност на презентацијата.

loading...

Познавачи сметаат дека овој технолошки новитет би можел да биде војникот на иднината.

loading...