Родена е како сирена и ѝ давале 72 часа живот | Еве како изгледа ова необично девојче денес! Видео

4007

Milagros Cerrón (13) е родена со необична аномалија позната како sirenomelia.

Меѓутоа, нејзиниот живот беше далеку од бајка. Девојчето потекнува од сиромашно семејство и едно оддалечено село во Андите.

Кога се роди со нозе целосно споени од петите до половиот орган, лекарите на Milagros не ѝ давале речиси никакви шанси за преживување. Нејзините фотографии го обиколиле светот и предизвикале чудење, но воедно и сожалување.

“Стапката на смртност кај новороденчињата со ова нарушување е многу висока. Бебињата со овој синдром умираат во првите 72 часа по раѓањето”, вели хирургот Луис Рубион, лекар, благодарение на кој Milagros денес е жива, здрава и оди.

Случајот на Milagros е еден од трите случаи во светот кои го преживеале сиреномелиумот. Девојчето имало дури 13 операции, а во 2012 година и трансплантација на бубрезите.

Д-р Рубион успеал со својот тим да ѝ ги оддели нозете и да ѝ овозможи да оди. Видеото кое го покажува моментот кога за првпат застанала на нозете и нејзиното тргнување во градинка го видел целиот свет.

Девојчето наполнило 13 години и ја покажало храброста и упорноста да успее. Тоа оди на часови за танц што го обожава. Milagros ја чекаат уште операции, иако денес живее речиси како секое здраво дете.

Кога ќе наполни 18 години, естетскиот хирург ќе мора да ги корегира колената и полниот орган. Тогаш, сите се надеваат, Milagros ќе живее сосема нормален живот.

Третманот и бројните операции не би биле возможни без финансиска помош поддржана од државата, бидејќи родителите на Milagros се крајно сиромашни.

loading...