Роденден под ведро небо

422

Пушетете ја вашата фантазија и осмислите некое убаво место за славење. Тоа може да биде и вашиот двор, шума, паркинг, пространа ливада.

Сезоната на убаво време почна, па ако вашето дете прославува роденден во текот на пролетните и летните месеци, зошто забавата да се прави во затворен простор. Игротеките веќе станаа клише, забавата дома помалку-повеќе надмината, а прородата е идеална децата да се забавуваат, да се истрчаат, „издуваат“.

Затоа пуштетете ја фантазијата и осмислете некое убаво место за славење. Тоа може да биде и вашиот двор или убаво летувалиште, шума, паркинг, пространа ливада.

loading...

Позајмете или изнајмите столици, искористете ги дрвените клупи во паркот, понесете со себе и ќебе. Направете сендвичи за најмладите кои можат да се јадат „во лет“ или подгответе скара додека тие се забавуваат.

Помогнете им да ја осмислат забавата, предложете да „режираат“ претстава, маскенбал или да организираат караоке, пантомима, да направат мини турнир во спортски дисциплини. Не заборавајте да понесете балони и прскалки, нека славеничкото доживување биде целосно, кога ќе се запалат свеќичките и огнометот ќе блесне на тортата.

loading...