Родено бебе четири години по смртта на своите родители | Видео

2298
Booking.com INT

Кинеска сурогат мајка роди бебе четири години откако неговите родители загинале во сообраќајна несреќа.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Двојката која загина во 2013 година, претходно замрзнале неколку ембриони со надеж дека еден ден ќе имаат дете по пат на вонтелесно оплодување. По несреќата, нивните родители дале правна согласност за користење на ембрионите.

Сурогатството е забрането во Кина, а болницата во Нанјинг смеела да ги даде ембрионите само на друга медицинска установа надвор од државата на прописно чување, што предизвикува многу заплеткани бирократски процедури, јавуваат локалните медиуми. Така, момчето се родило во Лаос, а моментно се води борба за неговото државјанство, оти мајката е државјанка на Кина, а во Лаос престојувала со туристичка виза.

Дедото и бабата, покрај тоа, на суд се избориле за дозвола да ги превезат ембрионите во Лаос со автомобил, оти ниедна авиокомпанија не се сложила да ги пренесе, поради азотот што го содржат канистрите.

Следи и уште една битка. Родителите на загинатата двојка сега треба, преку ДНК анализа, да докажат дека детето е нивен внук, за тоа да добие кинеско државјанство.

Пекинг, 12 април 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...