РОДИТЕЛИ СТОП | Сега одвојте 2 минути за доброто на вашето дете!

2606
Booking.com INT

Среќавав родители кои едноставно не сакаа да слушнат ништо негативно за своите деца, но понекогаш е добро да се прифати навремено даден совет, за да се избегнат проблемите кои се јавуваат подоцна и може да имаат поголеми последици.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Многу се зборувало (и сѐ уште се зборува) за тоа колку се менувал во последно време образовниот систем и ставот на децата и родителите кон образованието и наставниците. И тоа не на подобро. Сите се сеќаваат со носталгија на некои, и не толку дамнешни времиња, кога учителот ја уживал довербата и почитта на целото општество, и кога не можело да се замисли родителот, а камоли ученикот, да помисли да подигне глас во разговор со професорите. Денес во светот, наставниците во сферата на образованието се задржуваат во просек 4,5 години, бегајќи од просветата во други, похумани професии. И повеќето од нив, како причина за напуштање, ја наведуваат неможноста да се изборат, внимавајте сега, не со децата, туку со родителите!

Кај нас тоа време уште не дошло, од едноставна причина, да се промени професијата не е ниту едноставно ниту лесно за оние кои овој пат го избрале заради љубовта кон децата и подучувањето, и заради желбата да влијаат на оние на кои светот останува, барем малку да помогнат, планетата на која живееме да стане подобро место.

Се разбира, системот не бил лош пред 50 години. Ние не сакаме наставници кои ќе носат прачка во училиште и децата да ги дисциплинираат плашејќи ги со еден куп пченка која стои на секој агол од училницата. Ние, всушност, не сакаме да ги дисциплинираме, тоа е работа на родителите. Ние сакаме на час да имаме добро воспитано дете, на кое родителите секојдневно му всадуваат желба за знаење. Само од такви деца можеме да го добиеме максимумот и да им помогнеме да го остварат својот целосен потенцијал.

Што е тоа што наставниците би сакале да знаат родителите?

За почеток, ние сме само наставници, а не дадилки. Ние сме наставници професионалци кои секојдневно работат со децата и често ги гледаме вашите деца во поинаква светлина отколку што ги гледате вие. Ако ви дадеме совет, не го одбивајте. Прифатете го и применувајте го на ист начин како што би прифатиле совет од доктор или адвокат. Се среќавав со родители кои едноставно не сакаа да слушнат ништо негативно за своите деца, но понекогаш е добро да се прифати навремен совет за да се избегнат проблеми кој подоцна може да имаат поголеми последици.

Верувајте нѝ. Секогаш кога им кажував на родителите дека нивното дете има проблеми со однесувањето, речиси можев да видам како косата им се крева на главите. Тие веднаш беа подготвени да го бранат своето дете. Најмногу ме лути кога ќе кажам на мајката дека нејзиниот син сторил нешто лошо, а таа ќе се сврти кон него и ќе го праша: “Дали тоа е вистина?” Па, се разбира, дека е вистина! Токму сега ви кажав. Ве молам, не барајте од неговиот соученик или соученичка од одделението да потврди дали тоа навистина се случило. Тоа само ќе го понижи наставникот и ќе ја ослабне соработката меѓу наставниците и родителите.

Не барајте изговори! Ако навистина сакате да му помогнете на вашето дете да успее, престанете да го оправдувате и да барате изговори за неуспех или лоша оценка. Се разбира, постојат објективни ситуации кои можат да го спречат детето да ја заврши задачата на време, но тоа може да биде исклучок, а не правило. Затоа што ако од рана возраст ќе научат наместо да седнат и да го загреат столчето, решението да го бараат во избегнување на обврската, што мислите, како ќе се однесуваат кога ќе пораснат? Па, исто така, се разбира!

Ве молам, не кажувајте му на наставникот лаги, особено не пред своите деца. Замислете ситуација во која родителот доаѓа на разговор со наставникот и, во желба да го оправда своето дете (или себе си) свесно ја заобиколува вистината и тоа пред детето. Дали знаете дека сте пример за вашето дете? Ако зборувате невистини, пораката која му ја испраќате дека е во ред да се лаже. Дали сакате дете кое утре ќе ве лаже?

И најважното нешто што не треба да го заборавите, вашите деца се вашето огледало! Ако на час дојдат без домашна работа, наставникот речиси никогаш нема да го обвини детето, туку родителот кој дозволил тоа да се случи. Вие го воспитувавте, вие му ги всадивте основните вредности, од вас научило што е важно во животот. Затоа, ако вам не ви е важно задачата да е уредна и лекцијата научена, нема да му биде важно ниту на детето. Обратно важи уште повеќе. Вашата посветеност кон детето и неговото образование е најдобриот мотив за секој ученик!

(Извор: zelenaucionica.com | Автор: Александра Цвјетиќ)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...