Розовата боја го намалува апетитот

585

Розовата боја не е само заштитен знак на „Викторија Сикрет“, туку таа влијае и на намалување на апетитот, тврдат манекенки од овој познат бренд, кои наводно ја намалиле желбата за јадење благодарение на оваа боја.

Попрецизно, станува збор за нијансата Бејкер-Милер на розовата боја, која, како што тврдат, влијае на промена на прехрамбените навики.

loading...

Според оние кои имале искуство со оваа боја, таа ја намалува желбата за конзумирање нездрави грицки кога ви е здодевно.

Оние кои ги обоиле свите соби во розово велат дека од тогаш навистина јадат помалку. Дали станува збор за сугестибилност или навистина бојата влијае на апетитот засега останува нејасно.

Некои научници признаваат дека оваа боја навистина го намалуа апетитот, но засега немаат објаснување зошто е тоа така.

loading...