Розова Месечина | На 29 и 30 април овие хороскопски знаци ги чекаат големи промени!

8609
Booking.com INT

Полната Месечина во април е една од најволшебните во годината. Во 2018 година паѓа во ноќта од 29 на 30 април.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Времето на полната Месечина нè охрабрува на промени, а кога е во знакот на трансформираната Шкорпија, тогаш тоа не инспирира да направиме поголеми промени во нашите животи. Полната месечина во април често се нарекува и розова Месечина, бидејќи се смета за носител на женската среќа и онаа која ја движи пролетната енергија.

Шкорпијата претставува смрт, преродба и безусловна љубов. На површината таа е алчна и егоистична, но всушност е извор на дарежлива љубов.

Енергијата на Шкорпијата може да направи значителни промени каде што е потребно. Затоа, полната месечина во Шкорпија може да биде многу моќен момент во животот на поединците.

Воочи полната Месечина, почнете да забележувате какви се вашите мисли и што чувствувате. Ова треба да биде време на длабоко испитување, заради што можеби ќе имате потреба да се повлечете во осаменост и да се заштитите од остатокот од светот. Како последица на тоа, може да се појави пресврт на крајот од месецот.

Под светлината на полната Месечина во Шкорпија, ќе имате можност да отстраните некои слоеви кои ве спречувале во тоа да бидете она што навистина сте. Кога ќе го почувствувате тоа сознание, ќе бидете подготвени да ги исчистите сите работи кои ве блокираат од вистината.

Ќе мора да научите да се соочите со стравовите и непријатностите во вашиот живот за да излезете од ситуацијата помоќни од кога било досега. Не се кријте, ниту не ги прикривајте вашите вистински емоции со лажни насмевки и одглумена позитивност.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...