„Ролинг Стоунс“ објави албум после 11 години | Видео

830
Booking.com INT

stoneses2-001Групата „Ролинг Стоунс“ после 11 години објави нов студиски албум „Blue & Lonesome“ сосавен од 12 блуз песни.

Bitcoin Exchange CEX.IO

„Стоунси“ влегоа во студиото со идеја да снимат рок албум, но вежбајќи ги блуз песните, одлучиле да одат по друга патека и за само три дена снимиле блуз албум.

– Тоа беше супер брзо и навистина многу забавно да се направи нешто така брзо. Немаше време што било да се анализира, да се размислува и доснимува. Јас не знаев дали е добро тоа што го направивме, работевме брзо и на крајот кога преслушавме, ги искористивме сите песни, изјави Мик Џегер.

Бендот, албумот го сними во „British Grov Studios“ во западен Лондон, а на него се наоѓаат обрабоени песните на Џими Рид, Литл Волтер, Еди Тејлор и други.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...