Романтичен рај во кој сите – се разведени!

3628

Жителите на овој остров се премногу “напалени”, за да останат во брак со само едно лице за цел живот.

Малдиви, расфрлана островска група од 1.200 мали острови, далеку од јужниот дел на Индија, на фотографиите навистина изгледаат како парчиња рај на Земјата.

Бунгаловите кои како да лебдат над кристално чистата вода, палмините гранки кои се нишаат на ветрето и идеалната клима ја прават оваа земја позната како “Острови на 1000 медени месеци”, но реалноста покажува дека тоа се всушност острови на разводи, пишува Ozy.

Три разводи во просек

loading...

Според податоците на ОН, просечна 30-годишна жена од Малдиви веќе е разведена – и тоа не еднаш, не два пати, туку неверојатни три пати. И тоа е само просек.

Малдивите навистина го држат рекордот во стапката на разводи во светот, како и место во Гинисовата книга на рекорди. Второто и третото место по бројот на разводите ги држат Белорусија и САД.

На пример, на Малдивите има 11 разводи на 1.000 луѓе во само една година, додека во Белорусија и САД четири разводи на 1.000 луѓе годишно. Се наметнува прашањето – зошто?

Слабо имаат секс пред брак, па во него се “заигруваат”

“Напаленост”, објаснува Anthony Marcus, претседателот на Одделот за антропологија на Универзитетот John Jay во New York. Всушност, во една од своите книги посветил цела една глава на феноменалните разводи на Малдивите.

Накратко, објаснува дека тоа е претежно муслиманска земја каде што има силна стигма и осуда на сексот пред брак. Затоа, поголемиот дел од луѓето не го практикува, иако станува збор за земја во која облеката минимизирана, бикините се сè поприсутни, а музиката е жешка.

Тоа е причината зошто еден куп напалени 18-годишници кои навистина сакаат да го пробаат сексот помислуваат дека бракот е одлична идеја, иако нивниот партнер/ка е првата симпатија во животот. А свадбата не е некоја страшно голема работа на Малдивите – на судијата му се плаќа околу 8 евра, поканува 10 пријатели во ресторан и тоа е тоа.

Младенците во заблуда

Но, како и повеќето одлуки направени со 18 години, и оние за бракот не изгледа толку сјајна по неколку години. За нивна среќа, таму се применуваат и либерални закони за развод.

Според нив, иако само мажите можат да иницираат развод, сè што треба да се направи е гласно тоа да го кажете пред сведоци и работата е решена, без документација и повлекување по судовите.

И, така можете легално да продолжите со следните партнери.

Нешто ново

Луѓето од Малдиви, се разбира, го пронашле своето објаснување за зачестеноста на разводите. Според нив, бидејќи повеќето населби се прилично мали, сите романтични врски брзо се претвораат во вистински сапуници, а една од најчестите приказни по баровите, каде што мажите се собираат е – како се проколнати со најмногу промискуитетни жени во светот.

Имајте на ум дека таа земја, која се наоѓа на само околу еден и пол метри над нивото на морето, сама по себе создава атмосфера на “искористување на секој ден како да е последен”, па нема никаква смисла да се заглави во лош брак.

Но, работите се променија кога жените 2011 барале и добиле право и тие да иницираат развод преку суд, додека владата на ОН и малдивските власти организираат разни консултации за да им помогнат на “напалените тинејџери”, кои безглаво се втурнуваат во брак. Во меѓувреме, добра вест за сите жители, дека, иако предбрачниот секс е стигматизиран, оној на разведените никако не е.

loading...