Роскосмос | Само 10 отсто од вселенскиот брод „Прогрес” стигнале до Земјата

627
Booking.com INT

Експерти од руската Државна вселенска корпорација Роскосмос тврдат дека до Земјата стигнале не повеќе од десет отсто од вселенскиот брод „Прогрес”, пренесува ТАСС.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Вселенското летало во април годинава принудно беше насочено од вселената кон планетата Земја, поради дефекти.

– Во Република Тува, дојдовме до место каде се откриени фрагменти од бродот. Еден од нив го земавме со себе заради испитување. Убедени сме дека повеќето фрагменти изгореле во атмосферата и дека на Земјата паднале не повеќе од 10 проценти од бродот, изјави раководителот на Центарот за објекти на земјината космичка инфраструктура, Игор Љаховенко.

Во руската Република Тува, истражувачите од Роскосмос појдоа во потрага во остатоци од вселенскиот товарен брод „Прогрес”. Досега е потврдено наоѓањето на три фрагменти кои не изгореле во атмосферата.

Одговорните служби за заштита на природата во Тува уверуваат дека паднатите делови од бродот не предизвикале еколошка штета.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...