„Рудните слоеви на сеќавањето-разговори со Влада Урошевиќ“ отсега и на хрватски јазик

598
Booking.com INT

Промоција на преводот на хрватски на книгата „Рудните слоеви на сеќавањето-разговори со Влада Урошевиќ“ од Људмил Спасов.

Bitcoin Exchange CEX.IO

В петок, на 11 мај, во 11 часот, во просториите на Институтот за македонски јазик во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Duboki slojevi sjećanja – razgovori s Vladom Uroševićem“, која претставува превод на хрватски на книгата „Рудните слоеви на сеќавањето-разговори со Влада Урошевиќ“ од професорот Људмил Спасов.

Настанот е во организација наИнститутот за македонска литература и Македонско-хрватското здружение Спектрум од Загреб.

За книгата ќе зборуваат проф. д-р Јелена Лужина и д-р Александар Прокопиев, кој ќе го води разговорот со академик Влада Урошевиќ и со авторот проф. д-р Људмил Спасов.

Воведен збор ќе има директорката на Институтот, проф. д-р Маја
Јакимовска-Тошиќ, а со краток поздрав на присутните ќе се обратат
председателката на Здружението Спектрум, госпоѓа Славица Коретиќ и координаторката на проектот, студентката на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Антониa Рагуж.

Музички настап ќе има студентот по соло-пеење на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Мартин Тренески, во класата на проф. Горан Начевски.

Книгата што ќе се промовира од македонски на хрватски ја преведоа Крешимир Божак, Инес Цебовиќ и Вана Цвек, а уредник е Ива Назалевиќ Чучевиќ.

Настанот е од отворен тип и поканети се сите заинтересирани.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...