Русите со хотел во вселената до 2022 | Видео

1218
Booking.com INT

За само четири години годишниот одмор во вселената ќе биде дел од нашата реалност, бидејќи руската вселенска корпорација „Роскосмос“ планира да конструрира 20 тони тежок и 15 метри долг модул на луксузен хотел на Интернационалната вселенска станица (ИСС), што ќе има четири приватни кабини за ноќевање.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Вселенскиот хотел ќе има и хигиенска и медицинска станица, ложа, сала за вежбање и безжичен интернет.

Со прекрасен поглед кон нашата планета, секој апартман ќе има прозорци кои наликуваат на оние кои се поставени во авионите.

Целото патување, што ќе трае од една до две недели ќе чини 40 милиони долари по лице, но во понудата ќе биде вклучен и продолжен престој од еден месец, што вклучува и прошетка надвор од ИСС. Тоа ќе чини дополнителни 20 милиони долари.

Изградбата на хотелот ќе чини меѓу 279 и 446 милиони долари.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...