Руската академија на науки ја прогласи хомеопатијата за лажна наука

2072

Руската академија на науките и официјално ја прогласи хомеопатијата за лажна наука, објавено е завчера на веб страницата на специјалната Комисија РАН, за борба против лажни науки и фалсификувани истражувања.

“Комисијата изјавува дека третманот со супермали дози на различни производи кои се користат во хомеопатијата, немаат званична основа. Овој заклучок е донесен по детална анализа на публикациите во научните истражувања, извештаите за научни истражувања и систематските извештаи”, се вели во текстот на меморандумот потпишан од директорот на Комисијата, академик Евгениј Александров.

Во документот се тврди дека принципите на хомеопатијата и теоретските објаснувања на механизмите на претпоставените дејства “противречат на познати хемиски, физички и биолошки закони, а убедливи експериментални потврди не постојат.”

“Хомеопатските методи за дијагноза и лечења треба да се третираат како лажно научни”, наведува РАН.

Комисијата предупреди дека хомеопатијата не е безопасна и дека пациентите трошат значителни средства за производите кои немаат никаков ефект, а ги игнорираат препаратите со потврдена ефикасност, што “може да доведе до лош исход, а понекогаш и смрт.”

Самуел Ханеман, германски лекар, основоположник на хомеопатијата

Во врска со спроведената анализа, РАН му препорача на Министерството за здравство хомеопатските препарати да ги повлече од употреба во државните јавни установи. Беше предложено, исто така, паковањата со хомеопатските препарати бидат означени не само со зборот “хомеопатски”, туку о со натпис дека немаат клинички докажана ефикасност и намена.

РАН Комисијата се состои од широк спектар на членови на руски научници, основана во 1998 година од добитникот на Нобеловата награда за физика, академик Виталиј Гинзбург, а се занимава со спорните научни прашања и јавната критика на псевдонауката.

Хомеопатијата во Русија официјално е призната дисциплина, а Министерството за здравство ја легализира во 1995 година.

loading...