Руската армија ќе го „освојува“ Арктикот со роботи

787

Руското Министерство за одбрана во блиска иднина ќе добие нов помошник за мисиите во Арктичкиот Океан – роботите Р-300 на компанијата „Интерхос“, кои ќе послужат во спасувачки задачи во случај на хаварија, јави ТАСС.

Роботите веќе минаа одредени тестови, па сега следат преговори со Министерството. Се предвидува доставите за Армијата да започнат идната година, изјави портпаролот на компанијата Павел Черноусов за московски „Известија”.

Изворот наведува и дека руските тенкови и ракетни носачи во скоро време ќе добијат автопилоти, со чија помош возилата полесно би се движеле во тешки временски услови и при вонредно лоша видливост.

Освен безбедносната поддршка, Р-300 може да послужи и при интервенции во цевководните системи, во комуникациската мрежа, неутрализација на поголеми проблеми во складиште за оружје, а сето тоа при екстремно ниски температури.

r-3002-001

Догодина ќе започнат теренски тестови, кои ќе ги изведуваме заедно со претставници на индустрискиот сектор, рече за списанието началник на руската Воена академија за противвоздушна одбрана, полковник Андреј Морозов. 

loading...