Руски научници ќе истражуваат кои видови компир се најотпорни на студ

1107

Руски научници ќе вршат експерименти на полуостровот Јамал, кој е прекриен со мраз, за да утврдат кои видови компир се најотпорни на студ. 

Во регионот веќе се вршат истражувања за отпорноста на разни видови јагоди, малини и други овошја и зеленчуци.

Според ТАСС, земјоделските истражувања овозможиле отвпрање на многу нови работни места во регионот.

Јамал е полуостров северно од планината Урал и е во најголема мерка под постојана обвивка на мраз и снег.

loading...