Ладна салата која може да биде комплетен оброк или идеален прилог со друго јадење …
Потребно
- 50 гр леблебии, од конзерва
- 3 јајца
- 1 домат
- 1 црвена пиперка
- листови зелена салата
- 50 гр мајонез
- 100 мл павлака
- 1 лажиче сенф
Подготовка
- Леблебиите измијте ги, покиснете ги во вода и оставете ги да стојат во водата преку ноќ. Утредента ставете ги да се варат додека да омекнат.
- Сварете ги јајцата, излупете ги и исечете ги на осмини.
- Пиперката исечете ја на ленти, а доматот на тенки кришки.
- Зелената салата исечете ја на ленти. Сите состојки ставете ги во еден сад и измешајте.
- Во еден сад измешајте ги павлаката, мајонезот, сенфот и босилекот и убаво измешајте. Со овој прелив прелијте ги преостанатите состојки.
- Пред да ја послужите, изладете ја салатата.
loading...