Самотниот живот лошо влијае на здравјето

275

Иако многумина сметаат дека секој барем еднаш во животот треба да живее сам, бидејќи животот во самотија има многу предности, новото истражување покажува дека самотниот живот е лош за здравјето и исхраната. 

На голем број млади луѓе им е луксуз да живеат сами, па од тие прични многумина од нив се одлучуваат да живеат со цимер или пријател. Сепак, судејќи според новиот извештај на Њујорк Тајмс тоа не е добра идеја, бидејќи самотниот живот може да се поврзе со чувство на изолација и мала општествена интеграција и доверба што влијае на менталното здравје.

„Сметам дека единствено нешто кое е полошо од болки и сериозни болести е да се преживуваат во самотија” – напиша Драк Кулар, доктор кој лечел пациенти кои живееле сами.

loading...

Во САД речиси една третина луѓе на возраст од 65 години живеат сами, а Кулар вели дека социјалната изолација е растечка епидемија, бидејќи од 80-тите години бројот на Американците кои велат дека се осамени е зголемен од 20 на 40 отсто.

„Лица со мал број на општествени врски имаат нарушен ред на спиење, имаат променет имунилошки систем, склони се на воспаленија и имаат зголемено ниво на хормонот на стрес. Едно неодамнешно истражување покажува дека изолацијата го зголемува ризикот од срцеви болести за 29 отсто, а за мозочен удар за 32 отсто” – пишува Њујорк Тајмс.

loading...