„Самсунг“ го претстави својот нов часовник | Видео

102

На ИФА саемот во Берлин, „Самсунг“ го претстави својот најнов уред – часовникот „Гир Спорт“.

Направата се одликува со мали димензии, кружен Супер АМОЛЕД дисплеј со 360 х 360 пиксели резолуција и подобрен кориснички интерфејс. Содржи и монитор за работата на срцето, како и целосна ГПС функционалност. Наменет е за љубители на спорт и рекреација.

Часовниците нудат поддршка за Самсунг ИоТ смартхоум уредите, како и за Самсунг Пеј услугата.

loading...

loading...