Сарма од кисела зелка

178

Едно од најтрадиционалните јадење во Македонија и пошироко. Постои една поговорка која вели „Колку домаќин(к)и, толку различни вкусови на зготвена сарма, а сите преубави и превкусни“.

Ова е еден од рецептите според кој се подготвува ова традиционално јадење, а тајната се крие во додавањето на сланина.

Потребно

  • 40 листа кисела зелка за виткање на сармата
  • 1 кг мешано мелено месо (600 гр свинско, 400 гр јунешко)
  • 200 гр чадена сланина на Пекабеско
  • 200 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • Масло за јадење
  • 1 мало лажиче црвен пипер
  • 1 мало лажиче вегета
  • Сол и црн бибер по вкус
  • Магдонос по желба

Подготовка

  • Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне.
  • Потоа ја додаваме ситно сецканата Пекабеско сланина. Кратко пропржуваме и го додаваме оризот.
  • На крајот го додаваме меленото месо, вегетата, црвениот пипер и сол и бибер по вкус. Продолжуваме со пржење се додека месото не омекне убаво и водата не почне да ипсарува.
  • Откако месото ќе се пропржи го тргаме садот од оган и ги филуваме листовите кисела зелка еден по еден.
  • Завитканите сарми ги редиме во подлабок сад, збиено, во два реда, за да не се растурат.
  • Налеваме малку млака вода,го затвораме садот и оставаме сармата да крчка на умерена темпеартура околу 2 часа.
  • Пред самиот крај може да додадеме магдонос по желба.
  • Може да се послужи со лут сос од рен, а за љубителите на киселиот вкус додаваме и лимун по желба

Сарма од кисела зелка

loading...

loading...