Саудискиот крал носи багаж тежок околу 500 тони

1784

Саудискиот крал Салман бин Абдул Азиз не верува во минимализам. Тој со придружбата од илјада луѓе „окупира“ цела плажа на француската ривиера на три дена. 

Тогаш нареди на плажата да се постави лифт, бидејќи кралот не сакал да се малтретира и да се симнува од вилата по скали како и обичниот свет.

Сега патува во Индонезија и тоа со 459 тони багаж. Во нив се пресметани и двата лифта, кои му се неопходни за вилата, во која престојува.

loading...

Кралот неколку дена ќе мине во Џакарта, а со себе води 1.500 луѓе.

Исто така зел и две Мерцедес лимузини, а за комплетниот багаж се задолжени 572 работници од логистичка фирма.

loading...