Сауната може да го намали ризикот од мозочен удар за 60 проценти?

800
Booking.com INT

И изложеноста на екстремен студ може да им помогне на луѓето да согоруваат маснотии во телото, да го подобрат имунолошкиот систем … Топло – ладната бања е одлична за здравјето.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Редовното одење во сауна може да го намали ризикот од мозочен удар за повеќе од 60 проценти кај мажите и жените во средни и поодминати години, покажала една нова студија објавена во списанието Neurology. Во Финска, каде што студијата е спроведена, сауната веќе долго време се смета за средство за создавање на поотпорно тело.

Истражувањето беше направено на 1628 мажи и жени на возраст од 53-74 години. Една група луѓе била следена дури 15 години, нивното кардиоваскуларно здравје и зачестеноста на мозочните удари.

Повеќето Финци одат во сауна најмалку еднаш неделно, а учесниците во истражувањето биле поделени во три групи – една грпа одела во сауна еднаш неделно, втората два до три пати, а третата четири до седум пати неделно.

Последната група, со најголем број на сауни, имала повеќе од 60 проценти помал ризик од мозочен удар, споредено со оние кои сауната ја користеле еднаш неделно. Средната група имала 12 проценти помал ризик во споредба со првата група.

Ова е набљудувачка студија и нема докази дека сауните директно предизвикале помала стапка на мозочни удари. Сепак, сауната има различни здравствени придобивки и тоа е докажано. Постојат студии кои ја поврзуваат сауната со помал ризик од висок крвен притисок и болест на белите дробови, како и помал ризик од срцев удар, пренесува businessinsider.com.

Постојат бројни студии кои покажуваат дека изложеноста на различни температури – жешка и студена – може да придонесе за подобро здравје. На пример, престој во сауни и топли бањи го намалува воспалението во телото, го подобрува шеќерот во крвта, го намалува крвниот притисок … Од друга страна, изложеноста на екстремен студ може да им помогне на луѓето во согорувањето мастите во телото, подобрување на имунолошкиот систем … Истражувањата поттикнале некои луѓе, особено спортистите, да воведат ладни тушеви и ледени бањи во нивната рутина.

Холандскиот фитнес гуру Wim Hof, кој го нарекуваат “Iceman”, тврди дека нашиот циркулаторен систем е дизајниран за да ни помогне да се прилагодиме на различни услови во животната средина. Тој вели дека недостаток на тој стрес на системот за циркулација, кој произлегува од контрола на температурата во која живееме, одн. престојуваме, може да биде делумно одговорен за болести на циркулаторниот систем – како што се висок крвен притисок и мозочен удар.

Новинарот и антропологот Scott Carney го истражувал методот на Hof и на таа тема ја напишал книгата “What Doesn’t Kill Us: How Freezing Water, Extreme Altitude, and Environmental Conditioning Will Renew Our Lost Evolutionary Strength.” Во книгата сугерира дека стресот од околината може да се смета како трета стапка на телесна кондиција, заедно со диетата и вежбањето.

Една неодамнешна студија објавена во магазинот Nature докажала дека изложеноста на постудени температури може да ги трансформира мастите кои ги формираме во телото во поздрава верзија и така да ви помогне да го изгубите вишокот килограми.

Исто така, претходно споменатиот Hof-овиот метод изложеност на студот, со одреден метод на дишење, на кој тој поучува, може да доведе до подобри способности за топење масти, губење на телесната тежина, подобрување на функцијата на имунолошкиот систем и способност да намали некои ефекти од дијабетес тип 2 кај одредени луѓе.

Ако сте заинтересирани за овие теории, наједноставниот начин е да се туширате во студена и топла вода, а понекогаш и да одите во сауна. Ќе се чувствувате подобро.

Сите придобивки од одење во сауна

Препораката на експертите е да одите во сауна 3 до 4 пати неделно. При едно користење сауна треба да бидете во неа 20 минути и исто толку да го ладите телото и повторно да влезете на 20 минути. Во сува сауна температурата е висока, 90-100 степени, а нивото на влажност е многу ниско, до 10 проценти, пренесув TruthTheory.

Еве која корист од неа има вашето тело

За вашиот мозок

  • Помага да се развијат нови клетки на мозокот.
  • Му помага на мозокот да работи побрзо.
  • Ја подобрува меморијата, вниманието и концентрацијата.
  • Помага да се спречат дегенеративни болести.
  • Ја подобрува моќта на медитацијат и визуелизацијата.
  • Олеснува анксиозност и депресија.
  • Природен е стимулатор на добро расположение.

За вашето тело

  • Помага мускулите да се поголеми, посилни и поефикасни.
  • Ја зголемува можноста за долговечност и го забавува стареењето.
  • Предизвикува масовно ослободување на хормонот за раст, кој е поврзан со формирање на мускулната маса и намалено количество на масни наслаги.
  • Го зајакнува имунолошкиот систем.
  • Ја подобрува инсулинската сензитивност (го намалува ризикот од дијабетес и метаболички нарушувања)

Со потењето излегуваат сите токсини од телото

  • Токсичните метали во трагите: Арсен, кадмиј, олово и жива.
  • Бисфенол-А (БПА) – го нарушува хормонот и ендокриниот систем. Го има во играчките, бебешките шишиња, пластичните садови, конзерви, итн.
  • Фталати, DEHP – можат да влијаат на машкиот сексуален развој и да предизвикаат рак. Тие се пронајдени во многу пластични работи и во некоја храна.

Изложеноста на висока температура може да има и контраиндикации

– Контраиндицирано е изложувањето на поголема топлина на срцевите болни, затоа што со проширување на крвните садови на периферијата се одзема дел од крвотокот за срцето или мозокот, кој веќе е компромитиран со болеста. Исто така, и на мажи кои планираат потомство, бидејќи високата температура на тестисите ја намалува плодната моќ на сперматозоидите – објаснува Бранислава Чилиќ др.мед, специјалист по семејна медицина од Загреб.

– На бремените жени на кои периферниот проток им одзема дел од крвотокот наменет за плацентата и фетусот, но, исто така, и во првите недели од бременоста не се препорачува. Покрај тоа делува на нивото на окситоцинот, хормон кој е одговорен за трудовите, но и за социјалното и емоционалното во нас. Не е препорачливо ниту за пациентите со хемороиди, оние во фебрилни состојби и на луѓе со висок и низок крвен притисок, а внимателни треба да бидат и дијабетичарите – додаде Бранислава Чилиќ др.мед.

Таа, исто така, ги спомена и придобивките од изложеноста на топлина.

– Се зголемува протокот на крв низ ткивото и така се ослободуваат метаболичките продукти, отровите, но, и се забрзува метаболизмот, што има поволен ефект за отворање на порите на кожата. Исто така, телото се обидува да го намали вишокот на топлина па користи дополнителна енергија, што може да доведе до повисока потрошувачка на калории и губење маснотии. Покрај тоа, се зголемува и забрзува циркулацијата на крвта, и лимфниот проток има корисен ефект на периферниот нервен систем, проток низ уморните мускули, и има смирувачки ефект. Исто така, има корисен ефект врз намалување на целулитот, што е особено важно за жените – објасни лекарот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...