Свадба од ноќен кошмар | Се тепале 700 гости, еден завршил во кома (видео)

494

Педесет сватови во костими се тепале на венчавка во хотелот „Ројал палас” во Сан Франциско, при што двајца завршиле во болница, а еден од нив е во кома. 

Никој не знае кој ја почнал тепачката на свадбата на која присуствувале 700 гости, бидејќи тепачката избила одеднаш и се проширила на паркингот пред хотелот.

На видео снимката се гледаат гости како се тепаат со тупаници, се шутираат, ги кинат кошулите, а некои дури ги соблекле чевлите и со нив тепале се околу себе.

loading...

Посебно се ужасни кадрите на кои се гледа како еден човек е склупчен на земја на паркингот, додека тројца го шутираат. Се тепале 20 минути додека не стигнала полиција.

Фотографот на свадбата Раџа Синг вели дека не видел кој со кого се тепа, но дека му се чини дека расправијата избила на подиумот за танц.

Невестата, чие име не е наведено, изјавила дека кавгаџиите упаднале на свадбата и ја расипале и дека е вџашена бидејќи хотелот имал само двајца работници во обезбедувањето. Сопственикот на хотелот рекол за Си-Би-Ес дека е точно дека има само двајца во обезбедување, но дека тепачката била голема и не би успеале да ја спречат и ако биле во полн состав.

loading...