Свеста на глобално ниво е изумрена | Петровски Филип

9

Ако мислиме дека сме свесни за нештата, не значи дека навистина сме свесни за истите.

Со повлекување на паралела помеѓу надворешниот свет и оној внатрешниот во нас, ќе можеме да се одвоиме од наметнатите желби, мотиви, системи, од нашиот интелигентен индивидуализам.

Тоа се нарекува индивидуална свест за нашето постоење. Но, треба добро да забележуваме и да селектираме. Тоа што го гледаме ни влијае. Од влијанието се поисоветуваме и ни произлегуваат „наши“ желби и нагони кон појавите.

По нивно реализирање, добиваме заклучок и мисли што произлегуваат од нив. Тогаш прашањето е дали сето ова констатирано е нашето вистинско јас, нашата вистинска свест? Тоа е сè, само не вистинското наше јас. Вистинското јас е да ги следиме желбите по одредена интелигенција.Вистинското јас е под поисоветувањата и констатациите, знаејќи дека интелегенцијата нема животински нагони што го заземале денешниот „автоматот“,т.е. човекот.

Но со добро разграничување на она што сме ние длабоко во нас, а што е надворешниот свет и како ни влијае, погледот кон нештата ќе исчезне и самата желба да се биде дел од светот ќе добие нов правец. Ќе се појави твоето внатрешно вистинско јас, каде што сите нешта ќе бидат вперени во тебе, а не ти во нив.

Повеќе нема да живееме во светот, туку целиот свет ќе го имаме внатре во нас. Тогаш можеме да почнеме да зборуваме за вистинска сопствена свест, за нејзината неразделна комплементарност којаштоотсекогаш била само наша, но сме се одвоиле од неа.

Сè додека се поисоветуваме со нештата надвор од наси околу нас, притоа живеејќи во таква средина, сме се убедиле дека тоа сме вистинските ние, никогаш нема вистински да се поисоветуваме со себе си, со она чисто јас, недопрено од ниедна улога во нашиот живот. Затоа се лажеме дека ние сме тоа што сме, а не сме она битие кон кое тежнееме да биднеме, а почетната мислата којашто има неискривен принцип на себеспознавање и која нè води кон нејзиното реализирање одамна сме ја оставиле зад нас.

Така таа добива една неприметлива паралелна кохезична амбивалентност иста како двајца близнаци, при што самата реализација на појдовните првични осознавачки намери ги примаме како наше искуство. Тука почнува вистинската замка, нашетоискуство е само едно тело кое треба да ни служи нам, а не ние нему, до патот на себеспознавање и да го соблечеме во моментот кога новите знаења не чекаат.

Првичната блокада при некакво лажно поисоветување и објектизација во социјална средина по автоматизам не ние, туку нашиот оклоп,т.е. егозазема цврст став и се брани од „сличномисленици“, кои се сè друго, освен исто „сличномисленици“,оние кои се само стапица до нашето наредно тело, кое се стремиме да го запознаеме.

На овој севкупен начин се двоиеме самите себе си од нашата вистинска природата и при поделбата од нас, поради нашето искуство, тука ја губиме вистинската свест. Живееме во нејзините излитени варијанти што нè убедуваат дека се вистински.

Зошто? Бидејќи без нашето искривено гледиште, не би постоело самото искривено гледиште, па затоа се храни од нас. Лажната свест е како рак во телото што ни ја јаде вистинската свест. Земајќи го и фактот дека живееме во доба на распаѓање на прадухот во нас, сè потешко е да најдеме луѓе кои живееат исполнети самите со себе, без потреба да јадат од туѓата душа.

Но факт е дека им недостига и душа. Тоа епричината зошто владее злото и луѓето се јадат духовно и емотивно помеѓу себе – за да преживеат, но не и вистински да живеат. Па така и свеста на глобално ниво изумира, т.е.станува модифицирана и владее лудо време во секој можен поглед од општеството и во односот на граѓаните помеѓу себе. Така,луѓето трчајќи да проживеат, ни самите себе си веќе вистински не се познаваат.

Петровски Филип
loading...