Светата планина Улуру во Австралија се претвори во водопад

1692

Светата планина Улуру, што претставува една од најголемите атракции во Австралија се претвори во многу убав водопад.

Иако, Западната пустина во која се наоѓа планината, вообичаено е сурова, врела и сува, Улуру ја погодија невообичаено силни бури, а поради ненадејните врнежи од дожд, подрачјето се поплави.

Австралиското Метеоролошко биро соопшти дека ваквите бури се јавуваат во Западната пустина еднаш на 50 години.

На тој начин Улуру доби свои водопади, а поради големото внимание што неговиот нов изглед ги привлече, властите повторно го отворија националниот парк.